Нормализиран сообраќајот кон Меѓународниот аеродром Скопје
Главниот приод кон терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје повторно е прооден, а сообраќајот се одвива непречено, информираа од аеродромот.
Препорачано
Во најновото известување до јавноста, од Меѓународниот аеродром Скопје соопштија дека пристапот од правецот Скопје кон аеродромот е целосно нормализиран.
„Би сакале да ве известиме дека главниот приод кон терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, од правец од Скопје кон аеродром, е повторно прооден и сообраќајот се одвива нормално“, се наведува во соопштението.
Утрово, на автопатот кај надвозникот на влезот кон Меѓународниот аеродром Скопје, се случила тешка сообраќајна несреќа во која се превртел автомобил.
Од ЈП „Македонија пат“ информираа дека од 06:06 часот бил прекинат сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај исклучокот од Скопје кон аеродромот, а сообраќајот беше пренасочен преку клучката Рафинерија кај Миладиновци.
Од ТАВ Македонија потврдија дека е изменет режимот на движење кон терминалната зграда, при што возилата се насочуваа по алтернативни правци, а пристапот беше овозможен преку стариот влез на аеродромот.
Се преврте кола кај скопскиот аеродром — има повредени, патот е затворен за сообраќај


