Милошоски контра Левица: Не може на состаноци да бараш пари, а надвор да глумиш жртва

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски, денеска ја обвини Левица дека одбива да се потпише како ко-предлагач на измените на Изборниот законик, иако, како што тврди, дел од нивните барања биле прифатени во работната група.

Милошоски, кој учествувал во работната група за измените, соопшти дека поради одбивањето на Левица да застане зад предлогот, измените ќе бидат поднесени без членот 76-д. Станува збор за членот што се однесува на средствата за изборно рекламирање, а кој, според него, бил вметнат на барање на партијата.

Тој најави дека за овој член ќе биде оставен простор Левица да поднесе амандман според компромисот што го предложила на работната група, а истиот, како што напиша, ќе биде поддржан.

Милошоски порача дека договореното треба да се испочитува, без разлика што, според него, ко-предлагач за распределбата на буџетските пари за рекламирање била Левица. Тој оцени дека не е коректно на работните средби да се бараат буџетски средства за рекламирање, а во јавноста да се настапува како жртва на наводен заговор.

Преговорите во работната група за измените на Изборниот законик продолжија и откако СДСМ ги напушти разговорите. Тоа се случи откако власта без консензус го изгласа укинувањето на техничката влада од следните избори. Според Милошоски, работната група работела по препораките на ОДИХР.

Една од темите што предизвикала најголем интерес на средбите бил токму членот 76-д, поврзан со средствата за изборно рекламирање. ВМРО-ДПМНЕ предложила бројот на пратеници да биде објективен критериум за распределба на 97 проценти од овие средства, додека 3 проценти да бидат наменети за партиите без пратеници во Собранието. Тој предлог не бил прифатен.

Согласност, според Милошоски, била постигната за предлог на ДУИ и Левица. Со него се предвидува 42 проценти од средствата да одат за двете најголеми партии од власта, 42 проценти за двете најголеми партии од опозицијата, 8 проценти за партиите што имаат пратенички групи, но не се меѓу четирите најголеми, 5 проценти за партиите без пратенички групи и 3 проценти за вонпарламентарните партии, односно групи избирачи.

Изборниот законик пред нова пречка – Левица најави блокада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот