Фото фејсбук профил Хром
Фото фејсбук профил Хром

„Добивме плускавци од чистење, а општината се фали со косење трева“, граѓани револтирани што самите мора да чистат во Хром

Граѓани вчера во паркот „Пољана“ во населбата Хром самите се организирале и заеднички родители и деца  ги исчистиле патеките обраснати со трева, а ја поправиле и чешмичката која повеќе од 10 години предизвикуваше поплавување на една од патеките поради затнат одвод.

Пред неколку дена Општина Ѓорче Петров на своите социјални мрежи се пофали дека го уредува маалото „чекор по чекор“. Меѓутоа, на терен, освен косење на тревата, не беше направено речиси ништо. Искосената трева беше оставена на патеките и околу игралиштето, а паркот остана во лоша состојба. Целта на акцијата беше да покажеме дека заедницата може да придонесе, но и да укажеме дека одржувањето на јавните површини е пред сè обврска на институциите, а не на граѓаните. Како не ви е срам да се фалите со косење трева, кога паркот „Пољана“ е во очајна состојба? Патеките се проголтани од обрасната трева, љуљашките се искршени, а на детското игралиште наместо песок има трева и запуштеност. По косењето го оставате отпадот зад себе – сува трева и ѓубре насекаде. Дополнително, фонтаната што пред неколку дена ја пуштивте во употреба предизвикува поплава, велат нашите извори кои учествувале во акцијата и како што велат, добиле плускавци после напорната работа.

Не треба граѓаните да ја вршат работата на институциите, а уште помалку институциите да се фалат со минимално одржување како да е голем успех. Косењето трева не е настан за пофалба – тоа е редовна обврска која треба да се извршува навреме и квалитетно. Наместо фотографии за социјалните мрежи, покажете резултати на терен, велат тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот