Фото: Слободен печат

Дел од Карпош ќе остане без вода 20 часа, ќе се интервенира на улица „Никола Парапунов“

Три улици во Карпош од попладнево до утре напладне ќе останат без вода поради интервенција на екипите на ЈП „Водовод и канализација“, кои доколку постојат технички предуслови, во 18 часот ќе започнат со санација на два затворачи Ф 400 и Ф 500 на улицата „Никола Парапунов“.

За време на интервенцијата, без водоснабдување ќе останат жителите од оваа улица, како и дел  од улицата „Разловечко Востание“ иод улицата „Вич“.

Нормализирање на водоснабдувањето се очекува околу 12 часот наредниот ден – сабота (27.06.2026). Доколку не бидат исполнети техничките предуслови, интервенцијата ќе биде одложена за понатамошниот период, информираа од Општина Карпош.

ВИДЕО | Камион натоварен со градежно возило се заглави на подвозникот кај „Годи“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот