Оваа ваша опсесија со поранешни функционери за кои плаќате да ги сликаат голи на плажа, јас веќе не можам да ја разберам. Очигледно дека е во сферата на некоја невропсихологија, му одговори Филипче на Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски на собраниската седница за пратенички прашања му се закани на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека ќе заврши зад решетки откако опозицискиот лидер го праша кој е виновен бидејќи за две години владеење ниту едно ветување не е исполнето.
Филипче критикуваше дека Мицкоски ги излажал граѓаните, бидејќи кога барале власт, ветувале сè и сешто, а граѓаните по две години добиле ништо.
Премиерот призна вина само дека Филипче и претходните функционери на СДСМ не се во затвор и сè уште се сончаат на плажи во Паљури.
– Во вашата програма 1.198 и во вашето експозе едноставно ветувавте мед и млеко. Помина половина од мандатот. Две години. А денес вистината е сурова. Ниту едно од овие ветувања не испорачавте. Граѓаните не добија подобар живот, не добија повисок стандард, не добија функционални институции, не добија правда и не добија европска иднина – рече Филипче и додаде дека наместо исполнети ветувања, граѓаните добиле поскап живот и економска несигурност.
Целосен неуспех
Тој посочи и дека во делот на правдата и европските интеграции нема никаков напредок ни реформи, дека европскиот пат е заглавен и дека земјата се турка во изолација, а младите ја напуштаат татковината. Според Филипче, резултатот од двегодишното владеење е целосен неуспех.
Венко Филипче Фото:Слободен печат/ Методи Здравев
– Една голема нула. Нула за реформи, за зголемување на платите, за мерки за младите, за поддршка на земјоделците, нула за европскиот пат. И сега моето прашање е просто, едноставно: Кој е виновен за овие неисполнети ветувања? Кој е крив, премиере, за овие две изгубени години? Ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните, отворено и искрено, дека потфрливте и дека ништо од овие ветувања не исполнивте? И немојте повторно да барате виновник. Немојте да сум виновник јас или СДСМ – рече лидерот на СДСМ.
Премиерот му порача на Филипче дека причината поради која граѓаните планираат да ја напуштат Македонија не е недостиг на перспектива, туку недоверба во правдата и во институциите, бидејќи, како што рече, го гледаат токму Филипче и поранешните функционери од СДСМ „како уживаат на Харис Џиновиќ во Дубаи и на јахти наместо да се најдат зад решетки и да одговараат“.
– Велите секој трет човек планира да ја напушти Македонија, но знаете ли зошто? Затоа што ве гледаат вас во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ, а не сте во затвор. Затоа што гледаат таму како уживаат поранешни функционери на јахти, а не се во затвор. Е, затоа се разочарани луѓето. Кога ќе ве видат како се смеете од зад решетки, тогаш ќе бидат среќни и задоволни затоа што правдата дошла – рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека ја прифаќа вината дека поранешни функционери сè уште не се соочиле со правдата.
– И тука ќе завршам. Јас признавам дека сум виновен, тоа што поминаа две години, а вие уште уживате на јахтите во Паљури наместо на друго место. Признавам дека сум виновен. Но, исто така, ве гледам во очи и ви ветувам дека нема повеќе да ги разочаруваме македонските граѓани како поранешни функционери уживаат на јахти и во мелосот на Харис Џиновиќ. Ете, тоа е желбата на народот – рече Мицкоски.
Филипче рече дека очекувал таков одговор од премиерот.
– Манипулирате. Ако бројките се добри и домаќински сте се задолжувале, зошто луѓето не се задоволни, зошто не растат платите? Тоа што го говорите не е вистина. Ние сме презадолжени, а парите одат за тендери. Со вас, Мицкоски, ние сме на губитничката страна, изложени на странски влијанија. А оваа ваша опсесија со поранешни функционери за кои плаќате да ги сликаат голи на плажа, јас веќе не можам да ја разберам. Очигледно дека е во сферата на некоја невропсихологија – рече Филипче.
Пашоли од ДУИ бара одговорност од Љутков
Арбана Пашоли од ДУИ го праша министерот за култура Зоран Љутков зошто промотивните материјали за Струшките вечери на поезијата не се и на албански јазик и дали за тоа директорот на фестивалот ќе понесе одговорност, бидејќи им одговорил дека немало време.
Арбана Пашоли Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Министерот рече дека кога пратеничката зборува за една од најголемите светски поетски манифестации, редно е да праша дали била на отворањето на манифестацијата.
– Но вашата суштина е дека сè што е добро го гледате на етничка основа, да се гледате себе како проценти. Знаете што е суштината на манифестацијата – да го заштити македонскиот јазик и да го промовира во целиот свет. Тоа е светска манифестација за поддршка на македонскиот јазик и превод треба да има на англиски јазик за да нè разбере цел свет. А дали ќе има превод на албански е помалку важно. Практика е да се преведува на светските јазици. Вчера еден поет од Македонија својата поезија ја кажа на албански јазик. Што мислите за тоа? Знам дека не ве интересира и не ме слушате, престанете да се гледате како процентче, затоа ги изгубивте изборите – рече Љутков.
Зоран Љутков Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Пашоли возврати дека прашањето не ѝ било тенденциозно.
– Заборавате дека ние живееме во мултиетничка држава со различни јазици и во време на голема политизација, културата е единствена можност да се докаже дека за Македонија има надеж. Не бев на отворањето, бидејќи бев на амандманската расправа за законот за правична застапеност во Комисијата за политички систем. Ова вознемирување е на граѓаните на Струга – рече Пашоли.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Премиерот Христијан Мицкоски на собраниската седница за пратенички прашања му се закани на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека ќе заврши зад решетки откако опозицискиот лидер го праша кој е виновен бидејќи за две години владеење ниту едно ветување не е исполнето. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Во овој германски град …
Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари категорично ја отфрла можноста за повторно учество во оваа Влада од која еднаш веќе излегоа. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Во овој германски град киријата е само 88 центи годишно, а цената за посета чини повеќе од седум години кирија 2 ФИА издаде предупредување …