Владо Мисајловски / Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Од понеделник почнуваме преговори за нов колективен договор

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска од собраниската говорница, одговарајќи на пратенички прашања, најави почеток на преговори за нов колективен договор и зголемување на платите во Армијата.

– Од понеделник ќе започнеме со нов колективен договор, од следна година ќе се зголемат платите од Армијата, ќе се зголеми бодот и од наредните години со буџетот ќе има процентуално зголемување за Армијата. Од понеделник ќе седнеме заедно со сите синдикати, ќе разговараме за колективен договор – изјави Мисајловски во одговор на пратеничко прашање од пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ.

Тој посочи дека од неговото доаѓање на функцијата се работи на расчистување на финансиските обврски од минатото, особено по основ на тужби.

– Секоја година се соочуваме со неколку илјади тужби од минатото, кои се исплаќаат – рече тој.

Осврнувајќи се на буџетската состојба, Мисајловски нагласи дека со актуелниот ребаланс приоритет е подмирување на старите долгови.

– Во овој момент, со ребалансот, ги покриваме трошоците од минатото. Потребно е и понатамошно подобрување на капацитетите и инвестиции – рече министерот.

На прашањето од пратеничката Славјанка Оетровска, за кратењата во буџетот на Министерството за одбрана за 2025 и 2026 година, како и за тоа зошто две години нема поместување на основната плата, Мисајловски, изјави дека во минатото бил потпишан колективен договор без да се обезбедат средства за негово спроведување, што, според него, довело до сегашните финансиски обврски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот