Муцунски и Гоунтанис разговарале за миграцијата и за борбата против криминалот
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со заменик-потсекретарот за внатрешни работи на Соединетите Американски Држави, Џон Гоунтанис.
Препорачано
Како што соопштија од МНР, на средбата се разговарало за спроведувањето на билатералните приоритети и цели договорени во рамки на Втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу владите на Македонија и Соединетите Американски Држави, која се одржа во април годинава.
„Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за понатамошно унапредување на соработката во областите од заемен интерес, со цел дополнително продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете држави. Посебен акцент во разговорите беше ставен на енергетската и инфраструктурната отпорност, економската и трговската соработка, сајбер-безбедноста, миграциските прашања, како и на заедничките активности за борба против организираниот криминал и нелегалната трговија со дрога и други наркотични средства“, соопштија од МНР.
Во таа насока, како што велат, била истакната потребата од постојана координација и интензивирање на заедничките активности за реализација на договорените иницијативи, во согласност со стратешките интереси на двете земји.
НАТО-алијансата никогаш не била посилна благодарение на Трамп и САД, смета Муцунски


