Српските власти итно да го запрат прогонот на новинари и на студенти, повикаа членови на Европскиот парламент
Пратеници во Европскиот парламент денес упати итен повик до Европската комисија и до Делегацијата на Европската Унија во Србија да ги заштитат активистите, новинарите и студентите кои во моментов се изложени на брутална одмазда од државата поради изнесување на вистината, пренесува „Н1“.
Препорачано
По студентските протести во 2025 година во Белград, стотици граѓани сведочеле пред надлежните органи дека властите против мирните демонстранти употребиле акустично оружје.
Наместо да покренат независна истрага за употребата на оваа опасна опрема, српските власти и претседателот Александар Вучиќ започнале „орвеловска“ контраофанзива, апсурдно обвинувајќи ги самите демонстранти дека го користеле тој уред, се наведува во писмото на пратениците од Европскиот парламент.
Зад писмото, кое го иницирал словенечкиот пратеник Владимир Пребилиќ, стојат повеќе од 30 пратеници од пет политички групации во Европскиот парламент.
Пратениците во Европскиот парламент оценуваат дека последователната правна и полициска репресија врз тие луѓе не претставува легитимен судски процес, туку координирана кампања на заплашување.
„Како што со право предупредија набљудувачите, целта на овие претреси и постапки не е собирање докази за кривични постапки, туку ширење страв. Нивната цел е да испратат порака до пошироката јавност дека секој што ќе крене глас против неправда и авторитарен режим ќе ја доживее истата судбина“, се наведува во писмото.
Пратениците истакнуваат дека ЕУ не може да остане нем набљудувач „додека земја-кандидат користи фабрикувани разузнавачки податоци за да ги тероризира своите граѓани затоа што ја зборуваат вистината“.
Along with more than 30 MEPs from 5 political groups, I call on the Serbian 🇷🇸authorities to immediately stop the prosecution of students and journalists!
The weaponisation of fear, fabricated charges and false accusations based on Russian FSB report are completely unacceptable. pic.twitter.com/Mv9xDMGxcc
— Vladimir Prebilič (@VPrebilic) June 25, 2026
Тие сметаат дека тоа е класична тактика на авторитаризам што се обидува да го задуши несогласувањето преку психолошки притисок и преку злоупотреба на правосудниот систем.
„Итно бараме Европската комисија, особено претседателката Урсула фон дер Лајен и комесарката Марта Кос, како и шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград, Андреас фон Бекерат, јавно да го осудат ова вознемирување, да извршат притисок врз српските власти веднаш да ги отфрлат сите обвиненија против мирните демонстранти и јасно да стават до знаење дека користењето на стравот како оружје против граѓанското општество е целосно неспоиво со европските интеграции“, се заклучува во писмото.
Што се случи на протестот во Белград?
На 15 март 2025 година во Белград, на повик на студентите, беше организиран најголемиот собир во историјата на државата.
Во рамки на програмата беше одржана и 15-минутна тишина за жртвите од уривањето на настрешницата во Нови Сад, но во 11-тата минута се слушнал силен звук, кој граѓаните подоцна го опишале како сличен на налет на авион или возило што со голема брзина се приближува кон толпата.
Толпата во тој дел од градот се разделила на два дела и настанала голема паника меѓу луѓето. Во следните денови во јавноста се појавија обвинувања дека е употребено звучно оружје – звучен топ.
Властите негираа дека се случило нешто од наведеното, но подоцна беше откриено дека полицијата поседува звучни топови „ЛРАД 450ХЛ“, за кои прво тврдела дека воопшто не ги поседува, потоа дека ги има но стојат во магацини, а на крајот медиумот „Данас“ објави дека уредите сепак биле монтирани на полициски возила и дека тие возила биле на улиците во Белград тој ден.
По инцидентот, голем број граѓани се јавувале кај лекари, пријавувајќи слични симптоми – вртоглавица, главоболка, мачнина и зуење во ушите.
Вишото јавно обвинителство во Белград на 19 јуни соопштило дека се сомнева дека студентите „планирале симулација на звучен топ“ на протестот на 15 март, додавајќи дека наложило собирање информации и разговори со сите кои јавно изнеле тврдења дека бил употребен звучен топ.


