Грчка градежна фирма пријавила само 3 евра приход — затаила милиони

Грчка градежна фирма е под истрага откако пријавила заработка од само три евра, а заедно со агенција за недвижности прикриле приход од 3,1 милион евра, објави „Товима“.

Според надлежните, градежна компанија во Кикладите пријавила дека во 2024 година остварила необично низок промет, што веднаш привлекло внимание кај даночните органи.

Истражувањето, кое го спровела Генералната дирекција за контрола на финансиски трансакции во рамки на ААДЕ, открило дека случајот е поврзан со поширока шема на непријавени приходи кај две компании.

Истрагата започнала по алгоритамска анализа која означила агенција за недвижности што на својата веб-страница рекламирала дека одредени имоти се продадени, но тие трансакции не биле соодветно евидентирани во даночните пријави.

По увидот во документацијата, ревизорите утврдиле дека значителен дел од провизиите од продажбите не биле пријавени.

Грчки газди затаиле данок од 15 милиони евра

Првичната даночна пријава на агенцијата прикажувала 1 милион евра бруто приход и загуба од 257.000 евра, но по започнатата истрага поднела коригирана пријава во која приходите речиси се удвоиле на 1,9 милиони евра, а загубата била променета во добивка од 229.000 евра.

Понатамошната проверка ги повела ревизорите до градежна компанија која била поврзана со дел од продажбите. Во нејзината даночна пријава биле прикажани само три евра приход и загуба од 47.000 евра.

По соочувањето со наодите, компанијата ја ревидирала пријавата, наведувајќи 2,2 милиони евра приход и 615.000 евра добивка.

Од ААДЕ соопштуваат дека проверките на двете фирми продолжуваат и дека конечната сума на непријавени приходи би можела дополнително да се зголеми.

Сопственик на градежна фирма од Скопје затаил 80.000 евра данок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот