фото: Слободен печат/ Д. Митрески

„На тротинет само со наполнети 18 години“ — власта предложи измени на Законот за безбедност во сообраќајот

Владата предлага максималната брзина на електричните тротинети да се ограничи на 20 километри на час, а казните да се заострат.

Електрични тротинети ќе може да возат лица постари од 18 години, максималната брзина се ограничува на 20 километри на час, а се заоструваат и казните, односно освен глобата ќе има и привремено одземање на тротинетот во време од 30 дена.

Ова се новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот на предлог на мнозинството, кој Собранието го стави на дневен ред на денешната пленарна седница.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и еден од предлагачите на измените, Никола Мицевски, рече дека измените ги предлагаат бидејќи анализите покажале дека за две и пол години во сообраќајки учествувале околу 2.000 лица од кои 46 загинале, 556 завршиле со тешки повреди и дека поради тоа потребна е системска регулација на лесните електрични возила, односно на тротинетите.

— Се врши интервенција на брзината односно максималната брзина да биде до 20 км на час со цел намалување на прекршоци со електрични тротинети, се зголемува старосна граница, минимална возраст од 18 години за управување со тротинети. Старосната граница се зголемува бидејќи во повеќе од половина од несреќите со тротинети тие биле управувани од лица на 16 и 17 години. Предлогот е ригорозен но оставаме простор за идни измени. Се заострува казнена политика покрај глобата, се предлага и привремено одземање на возилото во време од 30 ден. Предлагам измените на Законот да се носи по скратена постапка — рече Мицевски.

Ќе се заострат казните и ќе се зголеми старосната граница за возење електричен тротинет, најави Тошковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот