Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Ќе се заострат казните и ќе се зголеми старосната граница за возење тротинет, најави Тошковски

Се подготвуваат законски измени за регулирање на користењето електрични тротинети, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот, истакна денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Владата, каде беше презентан национален проект против семејно и врсничко насилство.

Тој информира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог-измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата врз основа на, како што кажа, препораки од експерти и стручни служби на МВР.

„Ќе одиме со заострување на казнената политика и на регулативата во делот на управување со електрични тротинети, особено кај најмладите“, истакна Тошковски.

Министерот посочи дека анализите покажуваат оти најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популација, особено кај лица до 17-18 години.

„Нелегалното управување, возење по двајца или тројца, без кациги и без почитување на правила доведува до сериозни последици“, рече Тошковски.

Тој додаде дека некои од измените ќе опфатат и зголемување на старосната граница за управување со електрични тротинети со цел да се заштитат најмладите и да се намалат ризиците во сообраќајот.

Тошковски нагласи дека, покрај институционалните мерки, клучна е и одговорноста на граѓаните во почитувањето на сообраќајните правила.

Дете од Кичево со електричен тротинет влетало во паркирана кола, заврши со тешки повреди

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот