Лионел Меси/Selección Argentina

ВИДЕО | Меси тргна со хет-трик, Аргентина сигурна против Алжир, Халанд даде два гола во победата на Норвешка

Аргентина и Норвешка со убедливи победи го отворија настапот на Светското првенство, а главни фигури беа нивните најголеми ѕвезди Лионел Меси и Ерлинг Халанд.

Аргентинците славеа со 3-0 против Алжир, а уште на почетокот на мечот имаше возбудувања и видовме по еден поништен гол на двете страни, прво Меси кај Аргентина, па Чаиба кај Алжир.

Капитенот на „гаучосите“ сепак брзо го најде патот до мрежата. Во 17. минута со прецизен удар од далечина донесе водство за Аргентина. До крајот на првото полувреме немаше поголеми шанси и двете репрезентации играа внимателно.

Во продолжението Аргентина целосно ја презеде иницијативата, додека противникот не успеа посериозно да се закани. Меси најпрво го зголеми водството околу половина час пред крајот, а во 76. минута го комплетираше хет-трикот и ги постави конечните 3-0.

Со трите погодоци, аргентинската легенда се израмни со Мирослав Клосе на врвот на листата на најдобри стрелци во историјата на Светските првенства. И двајцата сега имаат по 16 голови, додека зад нив останува Бразилецот Роналдо со 15.

 

Во натпреварот кој се играше претходно, Норвешка беше убедлива против Ирак и триумфираше со 4-1. Халанд двапати погоди во првото полувреме, а единствениот гол за Ирачаните го постигна Хусеин за намалување на 2-1 пред паузата.

Во вторите 45 минути стрелец за Норвежаните беше и Остигард, а конечниот резултат беше поставен во самиот финиш кога Хусеин несреќно ја затресе сопствената мрежа за конечни 4-1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот