Реал Мадрид/Real Madrid.CF

Реал Мадрид го продолжи договорот со еден од најважните фудбалери во тимот

Реал Мадрид официјално соопшти дека искусниот германски стопер Антонио Рудигер останува на „Сантијаго Бернабеу“, откако двете страни постигнале договор за продолжување на соработката до летото 2027 година.

Претходниот договор на Рудигер истекуваше на крајот од јуни годинава, но раководството на мадридскиот клуб и германскиот репрезентативец успешно ги завршија преговорите и договорија нова едногодишна продолжена соработка.

Триесет и тригодишниот дефанзивец е еден од најважните играчи во составот на „кралскиот клуб“, со кој досега освои бројни трофеи, меѓу кои и Лигата на шампионите и титулата во шпанската Ла Лига.

Минатата сезона Рудигер се соочи со неколку проблеми со повреди, поради што настапи на само 26 натпревари во сите конкуренции, но во Реал очигледно остануваат уверени во неговиот квалитет и искуство.

ФОТО | ФИФА направи исклучок по барање на Саудиска Арабија и го промени протоколот со знамињата

Првиот човек на бразилскиот фудбал ги одвел и сопругата и љубовницата на Мундијалот, и тоа на државна сметка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот