Бруклин Бекам - Фото: EPA/ETIENNE LAURENT

ВИДЕО | Дали Бруклин Бекам го „продаде“ семејството за „ситни“ пари? — Најавено е продолжение на провокациите

Бруклин Бекам упати директни и сурови провокации до неговите родители Дејвид и Викторија преку видео на Инстаграм, во кое отворено алудира на тековниот и бурен раздор во семејството. Во видеото, кое е спонзорирано од компанија за достава на храна (DoorDash) по повод Светското првенство во фудбал 2026, Бруклин со насмевка вели:

„Веројатно се прашувате зошто го гледам Светското првенство од дома … Тоа е долга приказна“, пренесува „Дејли мејл“.

На крајот од видеото се појавува пораката:

„Комплицирано е. Повеќе наскоро …“, што навестува дека ќе следат уште вакви реклами.

Оваа објава ги шокираше пријателите на семејството Бекам, особено затоа што доаѓа во период кога Бруклин наводно одбил неколку шанси за смирување со родителите, браќата и сестрата.

„Шокантно е да правиш реклама базирана на семејно отуѓување како тоа да е шега, додека твоето семејство е скршено, а сестра ти и баба ти и дедо ти се неутешни“, изјави близок извор за медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

Скриени пораки на масичката за кафе

Покрај изјавата, видеото содржи и неколку намерно поставени детали кои фановите веднаш ги забележаа:

Часовникот – иако Бруклин во последно време го носеше луксузниот часовник вреден 250.000 фунти кој му го подари татко му, во видеото тој намерно го трга настрана и става нов часовник на масата.

Неотворени писма- на масичката имаше куп неотворени писма, што фановите го протолкуваа како јасен знак дека тој одбива секаков контакт со семејството.

Драмата со 14-годишната сестра Харпер

Оваа реклама доаѓа веднаш по емотивниот инцидент со неговата помлада сестра, 14-годишната Харпер. Таа неодамна отишла до неговиот дом во Беверли Хилс за лично да му остави рачно напишано писмо, но останала со скршено срце кога сфатила дека тој не е дома.

Подоцна се дозна дека Бруклин воопшто не бил во Калифорнија, туку објавил стори на Инстаграм како трча во Њујорк.

По овој настан, таборот на Бруклин и неговата сопруга Никола Пелц (31) ги обвинија Бекамови дека „ја користат Харпер како пион за јавноста“, тврдејќи дека пред куќата веќе имало наместено папараци кои го сликале моментот. Блиски пријатели на Дејвид и Викторија веднаш возвратија:

„Ужасно е вакви грди обвинувања да се упатуваат кон едно невино девојче кое само очајно си го сака братот“.

Што стои во соопштението на Бруклин?

Односите во семејството драстично се влошија во мај 2025 година, кога Бруклин и Никола го бојкотираа 50-тиот роденден на Дејвид Бекам. Претходно, Бруклин објави жестоко соопштение од шест страници во кое јавно се откажа од „Брендот Бекам“ и ги обвини родителите за контрола и манипулација.

Меѓу најтешките обвинувања кои Бруклин ги изнесе се дека Викторија во последен момент го откажала шиењето на венчаницата за Никола, оставајќи ја во паника да бара нов фустан, како и дека мајка му на свадбата му го „киднапирала“ првиот танц со сопругата и пред 500 гости танцувала со него на многу „несоодветен начин“, поради што се почувствувал понижен.

Исто така, тој тврди дека пред свадбата родителите го уценувале и притискале да потпише договор со кој се откажува од правата на сопственото име во корист на семејниот бренд, а изјави и дека патувале во Лондон за роденденот на татко му, но Дејвид одбил да го види, освен под услов Никола да не биде поканета.

Додека Бруклин тврди дека по тргањето од семејството конечно ја надминал анксиозноста и нашол мир, неговите браќа Ромео и Круз јавно ја блокираа неговата профил-страница и застанаа во одбрана на нивната сестра Харпер.

Дали ќе ги предаде мајка му и татко му? Бруклин Бекам доби понуда за книга во која би ги открил семејните тајни

ВИДЕО | Бруклин Бекам поради ова видео го блокирал целото семејство на Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот