Дали ќе ги предаде мајка му и татко му? Бруклин Бекам доби понуда за книга во која би ги открил семејните тајни
На Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц им е понуден седумцифрен износ за книга во која би проговориле за конфликтот со неговите родители по нивната венчавка. Според пишувањата на британските медиуми, издавачката куќа „Пингвин рандом хаус“, која стои зад мемоарите на принцот Хари – „Резерва“, веќе води преговори со парот со цел да постигне договор.
Препорачано
Неименуван извор тврди дека интересот кај издавачите е огромен.
„Сите се борат да дојдат до оваа приказна. На овие компании воопшто не им е грижа за Викторија Бекам и Дејвид Бекам, и подготвени се да платат за Бруклин отворено да ја раскаже својата страна, особено ако навистина е подготвен трајно да ги прекине односите со родителите“, наведува изворот.
Според истиот извор, Бруклин има многу работи што го оптоваруваат и сега е вистинскиот момент тие да ги преточи на хартија.
„Одлуката е целосно негова и на Никола, а нивните книжевни можности се речиси неограничени, особено ако Бруклин навистина чувствува дека во себе има приказна за книга од 300 страници“.
Изворите додаваат дека двојката би можела да ги следи стапките на Принц Хари и Меган Маркл, па дури и да даде интервју во стилот на нивниот разговор со Опра Винфри. Овие тврдења доаѓаат откако се појавија информации дека војводата од Сасекс наводно му дава совети на Бруклин како да се справи со јавниот прекин на односите со семејството.
Тензиите дополнително ескалирале минатата недела, кога Бруклин во остра изјава открил дека бил понижен од танцот на неговата мајка на венчавката во 2022 година. Батлер кој работел на свадбата раскажал дека младенците го одиграле својот прв танц, по што Никола танцувала со својот татко, милијардерот Нелсон Пелц.
Според сведоштвото, Бруклин и Никола имале романтичен прв танц на верзија од класикот на Елвис Присли „Can’t Help Falling in Love“, што било поздравено со аплауз од гостите. По танцот на Никола со татко ѝ, Викторија Бекам била повикана да заигра со својот син – момент кој, според Бруклин, дополнително го продлабочил семејниот конфликт.


