Софија Вергара со новото момче Даглас Чабота на финалето на Светското првенство во фудбал/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Софија Вергара го истакна бујното деколте, но го покажа и 14 години помладото момче на финалето на Светското првенство

Колумбиската актерка Софија Вергара (54) беше меѓу многуте познати лица на финалето на Светското првенство во фудбал, што се одржа на стадионот МетЛајф во Њу Џерси во неделата. Таа го гледаше натпреварот помеѓу Шпанија и Аргентина, кој заврши со победа на Шпанците од 1:0, во друштво на својот син Маноло, новото момче Даглас Шабот и пријателите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Вергара сподели серија фотографии и видеа од финалето на својот инстаграм-профил. За жешкиот летен ден, актерката избрала кафеав топ со длабоко деколте, фармерки и бели патики, а комбинацијата ја комплетирала со очила за сонце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)


Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“ позирала со својот 34-годишен син Маноло Гонзалез Вергара и пријателите, а објави и неколку селфиња со своето момче Даглас Шабот. На една фотографија, Софија и Даглас се прегрнуваат додека во позадина трае натпревар. Во објавата, таа ги означила и своите пријатели Луис Балагер и Алехандро Асен, а со едната фотографија напишала: „Возбудата од Светското првенство“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)


Вергара накратко се појавила и во преносот од натпреварот на телевизиската куќа Телемундо, за која претходно снимила промотивни кампањи со актерот Овен Вилсон. Во разговорот за списанието „Пипл“, таа признала дека нејзиниот најголем предизвик во текот на првенството бил да обезбеди доволно билети за членовите на семејството.

„Ќе биде убаво што ќе гледаме неколку натпревари заедно, ќе се дружиме и ќе го собереме семејството, но не беше лесно да се одлучи кој ќе ги добие билетите“, рекла таа низ смеа. Актерката додала дека ваквите „слатки грижи“, сепак, се дел од целокупното искуство.

Таа открила и дека пред финалето слушнала од својата сонародничка Шакира, која настапи на полувремето.

„Ми прати порака и ме праша дали ќе дојдам на натпреварот. Навистина се радувам на нејзиниот настап, ќе биде фантастичен“, рекла Вергара.

 

ФОТО+ВИДЕО | Фудбал, гламур и спектакл за паметење – планетарниот џет-сет го „украде шоуто“ на финалето на Светското првенство

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот