Фото: Бгнес / Јутјуб / скриншот

Обвинителството бара притвор за потпалувачот на колите пред Бугарската амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека 44-годишниот скопјанец, кој вчера потпали две возила паркирани пред Амбасадата на Бугарија во центарот на Скопје, ќе одговара за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“.

„На 15 јуни околу пладне, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, пред Амбасадата на Република Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата, кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш потоа го напуштил местото на настанот“, пишува во соопштението од ОЈО.

Македонската влада и премиерот Христијан Мицкоски, како и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, го осудија инцидентот и побараа брза правна разрешница. Во Софија, пак, властите попладнево ја повикаа на разговор в.д. амбасадорката на Македонија, Агнеза Руси-Поповска, за формално да изразат протест поради насилниот инцидент.

Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на кривичното дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвинител оценил дека постојат очигледни околности односно услови за определување на мерката притвор, и му предложи на Судот да определи таква мерка, додаваат од ОЈО.

Фатен е потпалувачот на возилата пред Бугарската амбасада, јавува МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот