Фото: EPA-EFE/Domenic Aquilina

Лавров упати ироничен коментар: „Не е лошо Украина да влезе во ЕУ за да се распаден блокот“

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, иронично го поддржа влезот на Украина во Европската Унија, тврдејќи дека тоа ќе доведе до распад на самиот блок. Тој ја даде изјавата на прес-конференција во Москва по средбата со неговиот турски колега Хакан Фидан, пренесуваат руските медиуми.

„Со оглед на внатрешните проблеми на Европската Унија, можеби не е лошо ако Украина се приклучи. Тогаш таа едноставно би се распаднала“, рече Лавров.

Тој додаде дека пристапувањето на Киев во Европската Унија ќе го искористат оние кои сакаат да го милитаризираат тоа политичко здружение.

Минатиот петок, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека сите земји-членки се согласиле да започнат суштински преговори за влезот на Украина. Украина доби статус на кандидат за членство во Европската Унија во јуни 2022 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано повикуваше Киев да се приклучи на Унијата до 2027 година. Од друга страна, европските лидери постојано ја истакнуваа некомпатибилноста на украинското законодавство со западните стандарди и нагласија дека темелната реформа е еден од клучните услови за разгледување на членството.

Украина и Молдавија официјално ги започнаа пристапните преговори со ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот