Цената на војната е превисока и за САД и за нас, велат Иранците кои не гледаат крај на конфликтот
САД и Иран, по речиси четири месеци војна, објавија потпишување на „меморандум за разбирање“ во петокот во Женева и 60-дневно продолжување на прекинот на огнот. Во тој период ќе се водат преговори за траен мировен договор. Сепак, спроведувањето на таков договор остава многу прашања зад себ, пушува во репортажа на хрватски Индекс од Иран.
Препорачано
Сите овие прашања укажуваат на долги и макотрпни преговори, а Иран сè уште ја држи „картата на Ормускиот Теснец“ во рацете.
Индекс раговарал со неколку ирански пријатели за нивниот поглед на моменталната состојба во земјата, дали иранските власти сега се повеќе прифатени во општеството поради нивниот постојан отпор кон нападите на САД и Израел и нивниот поглед на иднината. Интернетот е повторно достапен во Иран по тримесечна блокада што започна на 28 февруари, првиот ден од војната. Имињата на испитаниците се променети поради нивна безбедност.
„Некои од моите пријатели, кои се противници на режимот, дури се надеваа на понатамошна ескалација на конфликтот за да се прекине застојот, бидејќи долго време се невработени и не гледаат иднина во сегашната политичка клима“, коментира Садек.
Тешко се живее под уранитини и со инфлација од 77 отсто
Годишната стапка на инфлација беше 77 проценти во мај, според централната банка на Иран, иако Садек предупредува дека реалната стапка е уште поголема и дека „не треба да се верува на владини извори“.
„Дознавам за негативните последици од војната додека купувам намирници, а не на државната телевизија, каде што исклучиво се слават воените победи. Цената на шише вода е повеќе од двојно зголемена од почетокот на војната. Пластиката и гумата поскапеа поради американските напади врз петрохемиската индустрија“, вели Садек.
Со недостиг на вода и прекини на електрична енергија, Садек го опишува својот живот како „живеење во урнатини кои сè уште не се целосно распаднати. Без оглед на потпишаниот меморандум, Саде предвидува дека „конфликтите со Израел и САД ќе продолжат сè додека едната страна не ги исцрпи сите свои ресурси. Иранскиот режим и Револуционерната гарда никогаш нема да се откажат од своите амбиции да стекнат нуклеарно оружје. САД и Иран ќе постигнат некаков договор, но нова криза ќе дојде за неколку години“.
„Цената на војната е превисока и за САД и за Иран“
Бенам е од Техеран, но живее во Шведска многу години. Неговото семејство е во Иран и, откако интернетот повторно ќе биде достапен, тој може повторно да ги контактира секојдневно.
„Цената на војната е превисока и за САД и за Иран“, вели Бенам, „но се сомневам дека ќе има одржливо и долготрајно примирје“.
Иако Иранците сè уште се незадоволни од состојбата на економијата и цените на храната, Бенам тврди дека поради војната имало посилен патриотизам и дека во неговото семејство има различни мислења за војната и иранските власти.
Абас е од Керман, но го напуштил Иран пред да започне војната и сега живее во Канада. Тој е во контакт со своето семејство и пријатели во Иран.
„Тие едноставно се уморни и од неверојатната инфлација и од војната“, вели Абас. Без оглед на кој било тековен договор, Абас се надева дека „во одреден момент во иднина, иранскиот режим ќе плати за сите Иранци што ги уби за
Во „кризата со заложниците“ помеѓу 1979 и 1981 година, веднаш по Исламската револуција, иранските власти го понижија тогашниот американски претседател, демократот Џими Картер, ослободувајќи ги заложниците од американската амбасада во Техеран дури на денот на инаугурацијата на наследникот на Картер, републиканецот Роналд Реган. Охрабрената Иранска револуционерна гарда би можела да биде во искушение дополнително да го провоцира Трамп и да не попушти на американските барања, и покрај економската криза и инфлацијата што предизвикаа големо незадоволство кај народот.
Арагчи: Договорот за мир меѓу Иран и САД мора да вклучува и крај на израелската окупација на Либан


