Искра Канзурова / Фото: Фејсбук/Искра Канзурова

Искра Канзурова го искритикува Светското првенство: Појма немаат што гледаат!

Искра Канзурова отворено го искритикува Светското првенство во фудбал и кажа зошто не ѝ се допаѓа. Водителката напиша искрен статус на таа тема:

„Еве неколку причини зошто ВООПШТО не ми се допаѓа ова Светско првенство, барем за сега, ќе видиме понатаму:

1. Повеќе акцент се става (и повеќе кадри се ловат) на тоа КОЈ е во публика, отколку на терен. Снимаат холивудски ѕвезди кои јадат, пијат и разговараат за време на натпреварот и очигледно е дека ПОЈМА НЕМААТ што гледаат. Тоа што нашиве коментатори не знаат кои се и велат еве го Холивуд, не им забележувам, бидејќи тие се спртски, а не естрадни новинари и апсолутно е небитно кој е во публика.
2. Мора ли на секои 5 минути да го гледам Инфантино? Да се разбереме тој е сепак вработен во Фифа, а не нејзин господар.
3. Дајте со тоа паузите за водичка олабавете, па не сме глупи да не сфатиме дека лапате пари од реклами.

За сега толку, ќе видиме деновиве уште колку ќе успеат да го изветоперат најатрактивниот спорт на планетава“, напиша Искра.


Канзурова неодамна напиша дека е многу горда на својата ќерка Матеа, и на синот Меглен.

Младата балерина со своите соученички ги освојува сцените со својот талент и посветеност кон балетската уметност. Гордата мајка, Искра на социјалните мрежи сподели фотографија од настап на својата ќерка со колешките, упатувајќи емотивна порака: „Летајте девојки, светот е пред вас“ и изрази благодарност до професорката Дафина Данилоска и ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.

Матеа, која е дел од младите балетски надежи, настапува на сцена во впечатлив балетски перформанс, а поддршката од семејството е секогаш присутна. Синот Меглен е млад успешен ракометар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот