ФОТО | Меланија Трамп во тесен фустан од „Долче и Габана“ на спектаклот за 80. роденден на Доналд Трамп
Првата дама на САД, Меланија Трамп, покажа дека е една од најголемите модни икони со своето издание на настанот УФЦ „Фридом 250“, одржан во Белата куќа по повод 80. роденден на американскиот претседател Доналд Трамп.
Препорачано
Меланија се појави во црн тесен фустан до колена од модната куќа „Долче и Габана“, надополнет со кожно сако префрлено преку рамениците. Сакото се истакнувало со широки ревери украсени со декоративни шевови и впечатливи џебови.
Изгледот го заокружила со класични салонки со шилест врв од „Кристијан Лубутен“ и тенко ланче со дијамантски привезок во форма на крст.

Иако станува збор за спортски настан посветен на мешаните боречки вештини, модните критичари оценуваат дека изборот на Меланија бил поелегантен и пософистициран од вообичаениот стил што се очекува на вакви случувања. Сепак, таа останала верна на својот препознатлив изглед – медено руса коса, нагласени веѓи, темна шминка на очите и неутрални тонови на усните.
Ова не е првпат Меланија да се најде во центарот на вниманието поради својот моден избор. Во април годинава, на државната вечера организирана во чест на британскиот кралски пар, таа носеше бледорозова креација на „Диор“, изработена од креативниот директор Џонатан Андерсон.
На вечерата во Белата куќа присуствуваа и британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила.
„Најлошата прва дама досега“: Меланија Трамп трпи критики поради ставови за улогата на жената


