„Машката“ плажа во Струга / фото: ALİ ÖZYAFA / Google Maps

Плажи без педалинки бара градоначалникот на Струга, по случајот со мртвото момче во Охридското Езеро

Откако тело на 20-годишно момче вчера беше пронајдено кај „Машка плажа“ на Охридското Езеро, градоначалникот на Струга, Менди Ќира, до Советот достави иницијатива за усвојување предлог-одлуки за зголемување на безбедноста на плажи.

Со оваа одлука, според градоначалникот, би се намалила узурпацијата на плажите, каде луѓе што стопанисуваат со нив често не плаќаат надоместоци и не преземаат соодветни мерки за безбедност на посетителите.

„Предложив одлука со која ќе се забрани движење и паркирање на педалинките на плажите“, рече тој.

Тој смета дека голем дел од овие педалинки се пуштаат нелегално, без да се издаваат фискални сметки за нив.

Пред еден месец до Советот била доставена и иницијатива плажите да се менаџираат преку урбана опрема под надлежност на Општината, наместо преку нелегално изградените објекти на плажите.

Ќира смета дека нелегално се поставуваат и лежалки, па затоа се потребни поголеми ред и контрола.

20-годишно момче е пронајдено починато во Охридското Езеро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот