Фото Слободен печат колаж

Петровска: Апелација потврди дека Ковачки ме клеветел

Поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска објави дека скопскиот Апелациски суд ја потврдил првостепената пресуда со која утврди дека пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ ја клеветел и ја навредил во случајот поврзан со обвинувањата за наводно непријавен имот.

Петровска во објава на Фејсбук вели дека пред три години Ковачки на повеќе прес-конференции јавно ја обвинил дека поседува „хациенда со базен“, која, како што тврдеше, не ја пријавила согласно законските обврски.

„Тогаш најодговорно тврдев дека не поседувам скриен имот и дека посочениот имот никогаш не бил мој. Но, упорно и континуирано се ширеа лаги и дезинформации со единствена цел да се нарушат мојот углед и чест. Иако имаше многу обиди од страна на пратеникот Ковачки да ги одолговлекува судењата, сепак вистината победи. На седница одржана на 23.04.2026 година, Апелациониот суд Скопје ја потврди првостепената одлука за изречена клевета и навреда врз мене“, наведе Петровска.

Петровска оцени дека станува збор за „демаскирање на лагите“ со кои, според неа, ВМРО-ДПМНЕ дошла на власт, додавајќи дека политичките конструкции и напади остануваат нивна алатка и денес.

„Стани Цаци да те види сала“, стаса и на пратенички прашања

Ковачки од собраниската говорница: Петровска е на седативи, конфузна и опседната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот