„Стани Цаци да те види сала“, стаса и на пратенички прашања
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на седницата за пратенички прашања го праша премиерот Димитар Ковачевски дали ќе ја разреши министерката за одбрана Славјанка Петровска бидејќи, како што кажа, со своите неконтролирани испади ја понижил министерката за одбрана и како жена и како министерка. Прашањето на Ковачки е во контекст на обраќањата на премиерот и лидер на СДСМ Ковачевски на партиските трибини, кога ги повикува министрите за да ги истакне нивните достигнувања со фразата „стани Цаци да те види сала“, што беше хит на социјалните мрежи.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Премиерот го потсети Ковачки дека за неговиот начин на комуникација му одговорив пред неколку седници за пратенички прашања.
-За тоа како се однесувам кон министерката за одбрана, јас имам исклучително високо мислење за Славјанка Петровска. Таа управува со Министерство за одбрана на земја членка на НАТО. Кога кажав да стане во салата каде што имавме трибина, беше за сите присутни да и оддадат почит со громогласен аплауз, кој вие никогаш нема да го добиете. Министерката има највисоко нивои на безбедносен сертификат на НАТО , а такви има само два и тоа еден на министерката и еден мој. Нема да побарам одговорност оти е една од најдобрите минситри во Владата. Вие не мож да станете туку може да направите само во стилот на вашите колеги, а тоа е да седнете, да украдете микрофон како претседавачот на Советот Трајко Славевски или вашиот поранешен лидер. Само тоа личи на вас. Или пак да се најавите како гостин самиот кај себе, пратеникот Ковачки кај Ковачки – рече Ковачевски.


