Фото: Рexels-mdmmikle

Пронајдено седуммесечно бебе оставено на клупа во Шуто Оризари

Седуммесечно бебе било пронајдено оставено на клупа во парк на подрачјето на Шуто Оризари, информираат од МВР. По извршен преглед на скопските клиники, лекарите констатирале дека бебето е во добра состојба.

– На 15.06.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, А.С. од Скопје пријави дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари на клупа пронашол оставено бебе старо седум – осум месеци. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а екипа на Итна медицинска помош бебето го пренела во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што е извршен преглед и утврдено е дека бебето е во добра здравствена состојба без видливи повреди – соопштија од полицијата.

По преземени мерки, во Полициското одделение Шуто Оризари на разговор се повикани М.М.(49), И.М.(54) и Ш.М.(32), сите од Скопје, кои појасниле дека Ш.М. на подрачјето на Центар се сретнала со С.Н., која ѝ го дала детето да го причува.

– Откако С.Н. не се вратила, Ш.М. со бебето заминала во населбата Шуто Оризари и го оставила детето во паркот – појаснуваат од МВР за случајот.

За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот