Тинејџери се судрија со мопед и со мотор кај Радовиш — двајцата немале возачки дозволи

Двајца тинејџери кои возеле без возачки дозволи вчера завршија со тешки повреди откако се судриле со мопед и со мотоцикл кај Радовиш.

Во сообраќајната несреќа се повредил и 16-годишниот сопатник од мопедот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 14.06.2026 во 16:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека во с.Ораовица, радовишко, на место викано ‘Манастирско место’ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед ‘априлија’ со радовишки регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Ораовица, радовишко и мотоцикл ‘хонда’ управуван од К.Т.(18) од с.Подареш, радовишко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди сопатникот од мопедот, 16-годишник од с.Ораовица, радовишко, констатирани во Клиничка болница Штип,“ се наведува во соопштението.

По целосно документирање ќе следуваат соодветни пријави, додаваат од МВР.

Скопјанец со мотор излетал од патот кај Козјак, со тешки повреди е пренесен на Клиника

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот