Фото: „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“ / Фејсбук / принтскрин

Во полиција е повикан таткото на детето кое турна канделабра во парк во Карпош

Таткото на момчето кое пред неколку дена откорна канделабра во парк во скопската населба Карпош, а чинот беше снимен од станари на блиските згради, е повикан на разговор во полиција, соопшти МВР.

„На 12.06.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Карпош е извршен разговор со 48-годишник од Скопје. Имено, по преземени мерки и постапување по пријава од општина Карпош, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош дојдоа до сознание дека на 11.06.2026 во 21:30 часот на ул.”Волгоградска”, во близина на фитнес-игралиштето, неговиот 13-годишен син оштетил и откорнал канделабра за улично осветлување. По целосното документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, пишува во полицискиот билтен.

ВИДЕО | Тинејџери дивееле во паркче во Карпош 4, кршеле корпи за ѓубре и турнале канделабра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот