Во Сарај приведени двајца мажи со ловечки пушки

Лишени од слобода се две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки

Вчера во 23.45 часот на патот помеѓу с.Шишево и с.Грчец на подрачјето на општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Н.С.(54) од с.Сарај и Р.С.(58) од с.Крушопек. При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки „Бајкал“, калибар 12 мм, 22 ловечки патрони и други предмети, соопшти МВР.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот