Фото: Царинска управа

Американец шверцувал дрога во цедеа — цариниците пронашле кокаин, екстази и метамфетамин

Македонската Царинска управа уапсила Американец бидејќи се обидел да прошверцува кокаин, екстази и метамфетамин скриени во поштенски пратки од Франција.

„По разузнавачка царинска информација, Царинската управа спречи обид за неовластен промет со дрога којашто државјанин на САД се обидел нелегално да ја внесе во државава преку поштенски пратки со ДВД ЦД-а коишто пристигнале во ЦИ Пошти од Франција“, соопшти управата.

По пристигнувањето на пратките, кои биле адресирани до осомничениот, со иницијали Ј.Е., царинските службеници при скенерска контрола забележале сомнителна содржина, додаваат од управата.

Потоа биле вклучени мобилен царински тим и службено царинско куче, а со дополнително тестирање било потврдено дека во четирите пратки има 20 грама МДМА, позната како екстази, 12,5 грама метамфетамин и 8 грама кокаин.

Според соопштението, по налог на јавен обвинител, осомничениот бил приведен во моментот на примопредавање на пратките.

Инспектори за спроведување истраги потоа извршиле претрес на домот каде Ј.Е. живеел заедно со сопругата.

„При претресот дополнително се пронајдени две стаклени шишенца со зелена растителна материја со интензивен мирис, две стаклени лулиња за пушење марихуана и 33 ампули тестостерон. Дрогата пронајдена во поштенските пратки и домот на лицето е одземена и испратена на вештачење, а против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство“, се додава во соопштението.

ВИДЕО | Стружанец уапсен во Елбасан — во гумата од комбето криел килограм хероин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот