Поевтин увоз за фабриките: Владата крати царини, буџетот ќе остане покус за над пет милиони евра

Измените на Законот за Царинската тарифа влегоа во собраниска процедура и предвидуваат дополнително намалување на царинските стапки за суровини, репроматеријали и компоненти што ги користи домашната преработувачка индустрија, објави Фактор.

Целта на мерката е да се намалат трошоците на компаниите, да се зголеми нивната конкурентност на странските пазари и да се поттикнат извозот, инвестициите и отворањето нови работни места.

Според предложените измени, царинските стапки за голем број производи ќе бидат целосно усогласени со оние што важат во Европската Унија. Со тоа се продолжува процесот на хармонизација на македонската царинска политика со европските стандарди. Во образложението на законското решение се наведува дека измените се подготвени во консултација со Стопанската комора и се насочени кон поддршка на домашната бизнис-заедница, особено на извозно ориентираните компании.

Мерката ќе има и фискален ефект. Според проценките, државниот буџет ќе инкасира околу 330 милиони денари помалку годишно, односно приближно 5,37 милиони евра. Сепак, очекувањата се дека намалените приходи ќе бидат надоместени преку зголемена економска активност, поголемо производство и повисок извоз.

Фактор наведува дека најголема корист од измените се очекува да имаат компаниите од автомобилската индустрија, метало-преработувачкиот сектор и металургијата, кои во производството користат значителни количини увезени суровини и компоненти.

Во законското решение се потсетува дека со измените од 2025 година царинските стапки беа намалени до 50 проценти од нивото што се применува во Европската Унија, додека со новите измени се предвидува нивно целосно усогласување со европските стапки.

Законот ќе стапи во сила со денот на објавувањето во „Службен весник“, а неговата примена е предвидена од 1 јули 2026 година. Според предлагачите, измените треба да создадат поповолни услови за развој на домашната индустрија, да ги намалат производствените трошоци и да ја зголемат конкурентноста на македонските компании на меѓународните пазари.

Речиси преполовени сметки за парно три месеци ќе стигаат до граѓаните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот