Канада е фаворит, БиХ брка изненадување на стартот од Светското првенство
Со натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина на стадионот „БМО Филд“ во Торонто вечерва стартува програмата во групата Б на Светското првенство. Дуелот е од голема важност за двете селекции, бидејќи бодовите од стартот би можеле да бидат клучни во трката за место во нокаут-фазата.
Препорачано
Канада, како еден од домаќините на Мундијалот, влегува во натпреварот со големи амбиции и серија од осум меча без пораз во 2026 година. Избраниците на Џеси Марш се надеваат дека конечно ќе ја забележат и првата победа во историјата на Светските првенства, а најголема опасност кон противничкиот гол ќе претставува Џонатан Дејвид, најдобриот стрелец во историјата на националниот тим.
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови
Од друга страна, Босна и Херцеговина дојде до мундијалска виза по драматичен плејоф во кој ги елиминираше Велс и Италија. Тимот на Сергеј Барбарез исто така е во серија од осум натпревари без пораз, но неизвесен останува настапот на капитенот Един Џеко поради повреда на рамото.
Се очекува цврст и неизвесен натпревар во кој Канада ќе ја има предноста на домашниот терен, но „змејовите“ сигурно нема лесно да се откажат од можноста да стигнат до позитивен резултат на стартот од Мундијалот.
Канадските медиуми стравуваат: Босанците ќе имаат поголема поддршка од домаќинот


