Матијас Гидсел/EPA-EFE/Anna Szilagyi

Гидсел го потпиша најголемиот договор во историјата на ракометот

Еден од најдоминантните ракометари на денешницата, Матијас Гидсел, кој веќе неколку сезони наназад важи за најдобар играч во светот, продолжува да ги поместува границите и на теренот и надвор од него.

Данската ѕвезда, која редовно освојува трофеи со клубот и со националниот тим, сега испиша нова страница во спортскиот маркетинг со потпишување на доживотен договор со компанијата за спортска опрема „Пума“.

Според информациите, станува збор за највредниот спонзорски договор во историјата на ракометот, кој во основа ќе надмине сума од три милиони евра. Иако деталите не се целосно објавени, се знае дека покрај фиксните годишни исплати, Гидсел ќе има и процент од продажбата на патиките од неговата специјална линија, која „Пума“ ќе ја претстави во наредните месеци.

Со овој потег, Гидсел уште еднаш потврдува дека е една од највлијателните фигури во современиот ракомет, со подеднакво силно влијание и на спортската сцена и во бизнис сегментот.

Познати се датумите кога Македонија ќе игра на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот