Фото: Принтскрин

Почина Срцка — легендата на скопските спортски сали

Македонскиот спорт денес загуби една од своите најпрепознатливи личности. На 80-годишна возраст почина Светислав Димовски, познат како Срцка, човек кој со децении беше дел од речиси секој значаен спортски настан во Скопје.

Без разлика дали стануваше збор за кошарка, ракомет или бокс, Димовски беше покрај теренот, или во улога на редар или пак како бришач на паркет. Со својата посветеност и љубов кон спортот, тој остави зад себе повеќе од 10.000 натпревари и безброј спомени кај генерации спортисти.

Светислав Димовски ќе биде погребан утре на гробиштата во Бутел, во 12 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот