ФОТО | Американците во преносите од Мундијалот ги учат гледачите што е црвен картон
Иако Светското првенство предизвикува огромен интерес ширум светот, фудбалот не е меѓу најпопуларните спортови во СAД. Токму затоа, за време на преносот од натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка, телевизискиот пренос понуди необично објаснување кое брзо го привлече вниманието на љубителите на спортот.
Препорачано
Откако јужноафриканската репрезентација заработи втор црвен картон на натпреварот, телевизискиот коментатор и продукцијата решија детално да им појаснат на гледачите што значи тоа за текот на играта.
Во графиката што беше прикажана за време на преносот беше наведено дека Јужна Африка останала со девет фудбалери на теренот бидејќи двајца играчи биле исклучени поради црвени картони. Дополнително беше објаснето дека исклучените фудбалери немаат право да продолжат со настапот, поради што нивната селекција мора да го доигра натпреварот со двајца играчи помалку.
Исто така во објаснувањето беше нагласено и дека ваквата ситуација претставува сериозен хендикеп за тимот и значително ги намалува шансите за позитивен резултат.
Необичниот пристап на американскиот пренос предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде многумина со насмевка коментираа дека дел од гледачите очигледно добиле краток курс по фудбалски правила за време на Светското првенство.
American broadcasting pic.twitter.com/wKLpyMCKkr
— Troll Football Media (@TrollFootball2) June 11, 2026
The American broadcast for the World Cup is explaining to viewers what a red card means… 🤭 pic.twitter.com/5TpTpQGI5y
— World Cup Out Of Context (@WorldCup__26) June 12, 2026


