ФОТО | Трибините на натпреварот помеѓу Јужна Кореја и Чешка беа полупразни, а ФИФА вели дека биле полни
Јужна Кореја и Чешка вчера одиграа интересен натпревар на Светското првенство, а на крајот азиската селекција со пресврт славеше победа од 2-1. Сепак, покрај случувањата на теренот, големо внимание привлекоа и сцените на трибините.
Препорачано
Уште пред почетокот на шампионатот, навивачи од целиот свет негодуваа поради високите цени на билетите, а сцените од стадионот во Запопан дополнително ги засилија критиките. Иако официјалниот капацитет на стадионот „Акрон“ изнесува 48.000 седишта, а Светската фудбалска федерација во својот извештај наведе дека натпреварот го следеле 44.985 гледачи, телевизиските снимки и фотографиите од трибините оставаа поинаков впечаток.

Натпреварот се играше во вечерен термин од 20:00 часот по локално време меѓутоа и покрај тоа трибините изгледаа полупразни.
„Ако вака изгледаат стадионите до крајот на првенството, подобро и да не се игра“, „Ова е најлошото Светско првенство досега“, „Четири години го чекаме Мундијалот, а атмосферата наликува на пријателски натпревар“, беа само дел од коментарите што се ширеа на интернет.
На теренот, Јужна Кореја дојде до трите бода благодарение на головите на Хванг Ин-Бом во 67. и Хјеон-Гју во 80. минута. Претходно, Чешка поведе преку Ладислав Крејчи во 59. минута, но не успеа да ја сочува предноста до крајот на натпреварот.
The stadium looks empty for the South Korea vs Czechia game 🤔
FIFA MAFIA. pic.twitter.com/6ARImgcTaR
— 𝐟𝐞𝐝𝐞𝐯𝐚𝐥𝐯 (@heis_fede) June 12, 2026


