Хименез откри зошто се расплакал по победничкиот гол: Го барав татко ми, но сфатив дека веќе го нема
Мексико со победа од 2-0 против Јужна Африка успешно го започна настапот на Светското првенство, а еден од најтрогателните моменти по натпреварот го приреди искусниот напаѓач Раул Хименез.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Мексиканскиот репрезентативец го постигна вториот гол за својата селекција, по што откри дека погодокот му го посветил на својот покоен татко. Хименез призна дека веднаш по голот инстинктивно погледнал кон трибините, барајќи го човекот кој со години бил негов најголем поддржувач.
„Кога топката заврши во мрежата, по навика погледнав кон трибините и го побарав татко ми. Во тој момент сфатив дека не е таму за да го сподели овој момент со мене. Овој гол е за него. Емоциите беа пресилни и не можев да ги задржам солзите. Четири светски првенства чекав да постигнам ваков гол и да го направам тоа пред нашите навивачи и тоа е нешто навистина посебно“, изјави Хименез.
Хименез е едно од најпрепознатливите имиња на мексиканскиот фудбал. Најдобрите настапи во клупската кариера ги имаше во дресот на Вулверхемптон, каде што беше еден од носителите на играта во периодот кога клубот бележеше значајни успеси.
Сега, на 35-годишна возраст, Хименез најверојатно го игра своето последно Светско првенство. Воедно, тој е сѐ поблиску до еден од најзначајните рекорди во мексиканскиот фудбал, бидејќи му недостигаат уште седум гола за да го надмине Чичарито и да стане најдобар стрелец во историјата на националниот тим.
RAUL JIMENEZ SCORED THE 2ND GOAL FOR MEXICO!!! pic.twitter.com/hyuL9RhYjC
— Blaq Prince 💦💥 (@Sunmonutunde1) June 11, 2026


