Фото: EPA/SASHENKA GUTIERREZ

ВИДЕО | Мексико со победнички старт на Светското првенство, првиот меч заврши со дури три црвени картони

Веќе на стартот бевме сведоци на еден доста интересен натпревар на Светското фудбалско првенство 2026 во кој еден од домаќините на планетарниот собир, репрезентацијата на Мексико пред своите 80.000 навивачи на стадионот „Ацтека“ во првото коло од групата „А“ ја совлада Јужна Африка со резултат 2:0.

По првото полувреме избраниците на селекторот Хавиер Агире имаа водство од 1:0, стрелец на првиот гол на Мундијалот беше Кињонес во деветтата минута.

Проблемите на Јужноафриканците се зголемија откако на стартот од второто полувреме, во 49 минута црвен картон доби Ситоле.

Ваквата предност на теренот ја искористија домаќините за уште еден погодок кој се случи во 67 минута преку Хименез.

До крајот на мечот видовме уште два црвени картон, во 84 минута кај африканската селекција мечот предвреме го напушти Зване, а во судиското надополнување кај Мексиканците порано кон соблекувалните тргна и Монтес.

Во второто коло Мексико на 19 јуни ќе игра против селекцијата на Јужна Кореја, а еден ден порано Јужна Африка ќе се соочи со Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот