Фото: EPA/SASHENKA GUTIERREZ

Полувреме: Мексико има минимална предност против Јужна Африка

Првото полувреме од воведниот натпревар на Светското фудбалска првенство во 2026 година заврши со водство од 1:0 на Мексико против Јужна Африка во групата „А“.

Мексиканската репрезентација има минимална предност, со гол во воведните минути од натпреварот кога Кињонес ја затресе мрежата на африканската селекција.

Домаќините имаа многу повеќе од играта, имаа и повеќе ветувачки можности, Кињонес ја погоди рамката на голот на крајот од првото полувреме, но резултатот не се промени до паузата.

Кога станува збор за репрезентацијата на Јужна Африка, треба да се напомене дека го испрати првиот удар кон голот дури во 45 минута, преку Ембокази од 30 метри.

ВИДЕО | Мексико води против Јужна Африка, Кињонес е стрелец на првиот гол на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот