Сали Бериша / Фото: принтскрин/Фејсбук

ВИДЕО | Сали Бериша тврди дека САД го избришале од „црната листа“

Лидерот на опозицијата и поранешен премиер на Албанија, Сали Бериша објави денеска дека САД го избришале од „црната листа“ на која беше ставен пред пет години, објави РКС.њуз.

Информацијата дека веќе не е на американската листа на санкционирани поединци, Бериша сам ја објави на „Фејсбук“, преку видеообраќање со наслов „Америка повторно е одлична“.

До овој момент нема официјално соопштение од Стејт департментoт со кое се потврдува целосното укинување на санкцијата, објавена на 19 мај 2021 година за Бериша и неговото семејство. И натаму стои објавата со која Бериша беше ставен на „црната листа“ од 2021 година.

Одлуката што тогаш ја објави американскиот Стејт департмент, го вклучи него и неговото семејство на листата на непожелни лица, забранувајќи им влез во САД поради обвинувања за вмешаност во корупција и поткопување на демократијата во Албанија.

„Јавно прогласувам дека на Сали Бериша и на членовите на неговото најблиско семејство им е забранет влезот во Соединетите Американски Држави. Со своите коруптивни дела, ја поткопува демократијата. Ние сме обединети против корупцијата со нашите партнери во Албанија“, објави пред пет години тогашниот државен секретар, Ентони Блинкен.

Каква руска закана, најголема закана за Албанците е дрогата, вели Бериша

Во јуни истата година Бериша беше прогласен за „непожелен“ и од Велика Британија

Лидерот на Партијата на слободата, Илир Мета, кој е во затворски притвор, реагираше на информацијата за отстранување на статусот „непожелен“ на Бериша.

Во својата објава на социјалните мрежи, Мета пишува дека го задржува истиот став како и пред пет години, наведувајќи дека таа одлука била „мафијашки заговор насочен кон уништување на политичкиот плурализам во Албанија и труење на односите со САД“.

Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, е во затворски притвор од октомври 2024 година. Тој се товари за сериозни кривични дела, вклучувајќи пасивна корупција, перење пари и прикривање на имот, а Специјалниот апелационен суд ги отфрли неговите барања за ослободување.

„Албанија единствено го исполнува геостратешкиот услов за влез во ЕУ“: Бериша вели дека успесите на Рама се измама

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот