„Албанија единствено го исполнува геостратешкиот услов за влез во ЕУ“: Бериша вели дека успесите на Рама се измама

Лидерот на Демократската партија (ДП) и поранешен шеф на државата и премиер, Сали Бериша го обвини премиерот Еди Рама дека го враќа интегративниот процес на Албанија во 1992 година. Според Бериша, Албанија апсолутно не исполнува ниту еден од условите на процесот за евроинтеграција, јавија албанските медиуми.

„Денеска го изјавувам она што во последните две – три години десетици пати сум го кажал. Албанија апсолутно не исполнува ниту еден услов од процесот за евроинтеграција. Успесите на Албанија со Еди Рама се најголемата измама. Албанија го исполнува геостратешкиот услов“, што е важен услов, рече Бериша.

Тој порача дека Демократската партија останува посветена на европската интеграција, но само врз основа на заслуги, гарантирајќи им на партнерите на земјата дека за ДП главна цел е интеграцијата на Албанија во ЕУ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот