Вардар - Купс/Слободен печат/Методи Здравев

Вардарци ќе поделат 100 илјади евра ако ја елиминираат Рига

Фудбалерите на Вардар ќе имаат дополнителен мотив во двомечот против Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Раководството на клубот одлучи да обезбеди премија од вкупно 100.000 евра доколку „црвено-црните“ успеат да го елиминираат летонскиот претставник и да се пласираат во следната рунда.

Во клубот владее оптимизам дека тимот може да направи нов исчекор на европската сцена, а бонусот треба да биде дополнителен поттик за фудбалерите пред двата важни натпревари.

Првиот натпревар меѓу Вардар и Рига се игра утревечер со почеток од 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, додека реваншот е закажан за 28 јули во Летонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот