Наташа Крстевска Цалева / Фото: Журнал.мк

Наташа Крстева Цалева останува в.д. шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје

Советот на јавните обвинители на денешната седница го продолжи ангажманот на Наташа Крстева Цалева како вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Советот не назначи ново лице, туку ја продолжи функцијата на досегашната ВД, со цел да обезбеди континуитет во работата на ВЈО Скопје.

Како што информираше претседателот на Советот, Башким Бесими, постапката за избор на нов Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје и натаму тече.

– Чекаме оценување од вишите јавни обвинителства, кога ќе стигнат оценките ќе направиме интервјуа и ќе закажеме седница за избор на Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје. На Крстева Цалева ѝ истекува рокот утре, затоа е донесена нова одлука во континуитет да биде истата – изјави Бесими.

На денешната седница Советот го усвои и Годишниот извештај за работата на ВЈО Штип, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и утврди динамика за донесување подзаконски акти согласно Законот за Советот на јавните обвинители.

Советот донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител поради исполнување услов за старосна пензија на Виолета Стојановска, а на седницата беа усвоени и одлуки за распишување огласи за основен јавен обвинител во Крива Паланка и за еден јавен обвинител во ЈО Скопје.

Се бараат уште докази дали на Водно се шпионирало — истражителите на Обвинителството и на МВР седнале на иста маса

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот