„Години на маки и докажувања“: Перо Камиказа сподели лична приказна за Драган Б. Костиќ
Музичарот Петар Георгиевски – Камиказа сподели емотивна приказна легендарниот Драган Б. Костиќ кој вчера ќе наполнеше 76 години.
Препорачано
„Да беше жив Драган Б. Костиќ, денес ќе му го славевме 76 тиот роденден. Вечна ти слава и фала, за сѐ напишано и кажано“, напиша Георгиевски и ги сподели зборовите кои за „Меморија“ ги напишал Костиќ, по еден од нивните концерти.
„Во пет и пол минути собрани години на сопственото и заедничкото минато, години на маки, докажувања, проби, патувања, настапи, радост, разочарувања, верба и недоверба, десетици групи на минување и престој во нив ,своевидна историја на македонската поп-рок музика, во која секој се наоѓа или треба да се пронајде, луѓе од минатото и сегашноста, сѐ некако сплотено во тие пет и пол минути, проследено со речиси и неочекувана еуфорична експлозија на емоции, на хетерогена (до немајкаде) генерациска публика, која уживаше во тоа пет и пол минутно патешествие свое и на земјата воопшто. Некои можат да напишат десетици книги, стотици песни, но една да биде нивен сублимат. Имале ‘Меморија’ многу позначајни песни од ‘Дирлада’, имале многу други групи и изведувачи ‘песни на генерациите’ или за ‘сите времиња’, но кога очите ви солзат од наплив на емоции за кои немате објаснување, кога сте дел од заедништвото од иста причина, тогаш ја чувствувате целта на песната. Финале достојно за настан за кој покрај оние петмина илјади присутни, барем уште неколкукратно повеќе жалат што не биле дел од него. Затоа што ќе признаете не исто да викате ‘Гооол’, со илјадници луѓе и дома, сам покрај телевизор.Ова е мојата вистина, има други, ама оваа ми звучи некако најверодостојно. Драган Б. Костиќ“.
Митови и факти ЕП 17 | Драган Б. Костиќ: Југославија беше трета музичка сила во Европа


