Доналд Трамп / Фото: EPA/SHAWN THEW / POOL

Трамп остро се закани, па се повлече — не го напаѓа Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги откажал нападите на Иран планирани за вечерва, објави Ројтерс. Тој претходно денеска се закани со „многу силни напади“ врз Иран.

„Врз основа на фактот дека разговорите со Исламската Република Иран се подигнати на највисоко ниво од иранското раководство и се одобрени, јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, ги откажав планираните напади и бомбардирања на Иран за вечерва“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа.

„Разговорите и последните точки од договорот се одобрени, и во принцип и во детали, од сите вклучени страни, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, Израел, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Турција, Пакистан, Бахреин, Кувајт, Јордан, Египет и други“, додаде Трамп.

„Поморската блокада ќе остане во полна сила додека не се финализира оваа трансакција – времето и местото на потпишување ќе бидат објавени наскоро“, рече тој.

Трамп во последните недели постојано повторуваше дека договорот со Иран е близу, но договор никако да се постигне.

Врховната здружена воена команда на Иран претходно во текот на денот предупреди дека САД ќе добијат одговор кој ќе биде „пожесток од порано“ доколку се обидат да извршат нови напади врз Иран.

„Или извозот на нафта и гас ќе биде можен за сите, или нема да биде можен за никого“, порача иранскиот воен врв.

Иран мора да ја плати цената, ќе ги нападнеме силно, вели Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот