ММФ: Русија драматично ги исцрпила своите резерви на нафта
Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева вели дека Русија иако станала една од ретките добитнички поради војната во Иран и нарушувањата на глобалниот пазар на нафта, тоа сепак не е доволно за да се неутрализира ударот од санкциите и изолацијата во која се наоѓа земјата. По две години силен раст поттикнат од транзицијата кон воена економија, економската состојба во Русија слабее, пишува Еуроњуз.
Препорачано
Исцрпени резерви
Иако во својата априлска прогноза, ММФ ја зголеми прогнозата за раст на Русија за 2026 година од 0,8 на 1,1 процент, Георгиева истакна дека ова не ја одразува целосната слика за слабеењето на економијата.
„Тие драматично ги исцрпија своите резерви“, рече Георгиева.
Таа објасни дека „неочекуваните приходи од цените на нафтата се користат за обновување на резервите, а не за дополнителни инвестиции во економијата“. Георгиева нагласи дека е важно да се земат предвид и другите економски индикатори за подобро да се разбере моменталната ситуација.
„Растот значително забави. Сега проектираме 1 процент. Пред војната, нивниот потенцијален раст беше 1,6 проценти. Инфлацијата е висока. Тоа значи дека каматните стапки се високи, речиси 15 проценти“. ММФ не очекува значително влијание врз растот во Русија. Тоа е земја чии среднорочни и долгорочни перспективи значително се влошија“ рече Георгиева.
Три причини за влошувањето на изгледите
Директорката на ММФ наведе три клучни фактори како причини за влошувањето на изгледите. Првиот е губењето на луѓе.
„Земја која веќе беше во демографски пад сега изгуби толку многу млади луѓе од ужасна причина“, објасни таа.
Друг фактор се санкциите, кои, според неа, „силно го погодија технолошкиот сектор“.
„Она што го гледаме во рускиот нафтен и гасен сектор е огромен проблем на недостаток на технолошка обнова, што ја ограничува способноста на секторот да се шири“, рече таа.
Третата причина е фактот дека „Русија го изгуби својот углед“.
„Тоа се рефлектира во многу опипливи и нематеријални загуби. Мислам, само помислете на младите Руси кои можеа да изградат односи со Европејците и другите, а не поради војната. Значи, сè на сè, Русија излегува осакатена“, заклучи таа.
Ако Зеленски сака средба со Путин, слободно нека дојде во Москва, вели Песков


