Фото: Pexels/ cottonbro studio

Повеќе од половина од Американците се плашат дека ќе ги изгубат работните места поради вештачката интелигенција

Повеќе од половина од граѓаните на Соединетите Американски Држави стравуваат дека развојот на вештачката интелигенција би можел да доведе до губење на работа за нив или за член на нивното домаќинство. Анкета на Ројтерс и Ипсос на повеќе од 4.500 возрасни лица низ САД покажа дека 53 проценти ја делат оваа загриженост, додека 37 проценти рекле дека не се загрижени за такво сценарио, а преостанатите 10 проценти немаат мислење или не одговориле на прашањето.

Гледајќи ги политичките симпатии, дури 61 процент од поддржувачите на Демократската партија се грижат за подемот на вештачката интелигенција, во споредба со 47 проценти од луѓето кои велат дека ја поддржуваат Републиканската партија.

Истражувањето покажа дека граѓаните со универзитетско образование почесто користат вештачка интелигенција. Половина од испитаниците со факултетска диплома рекле дека редовно користат алатки за вештачка интелигенција, додека уделот кај луѓето без факултетска диплома е 34 проценти. Вкупно 73 проценти од Американците рекле дека се загрижени за растечката употреба на вештачка интелигенција, што е зголемување во споредба со 68 проценти во слична анкета спроведена во 2023 година.

ЕУ воведува паметни броила со вештачка интелигенција за пониски сметки за струја и поефикасна мрежа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот