Фото: Креирана илустрација

Остатоци од ирански дронови паднале врз 11-годишно девојче во Бахреин

Единаесетгодишно девојче е полесно повредено, а повеќе куќи се оштетени во Бахреин откако врз населени места паднале остатоци од пресретнати и уништени ирански дронови, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на земјата, пренесе Гардијан.

Според соопштението, штети се пријавени во Хамад Таун и во главниот град Манама. Во инцидентите биле запалени и неколку автомобили.

Министерството објави и фотографии на кои се гледаат пожарникари додека се обидуваат да изгаснат пожар во неколку куќи.

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда претходно соопшти дека извршил напади врз околу 18 различни цели низ регионот, меѓу кои и во Бахреин, Кувајт и Јордан.

Во соопштението било наведено дека биле нападнати две воздухопловни бази во Кувајт и една во Бахреин, пренесува „Ал Џезира“. Според истиот извор, ударите биле одговор на нападите што американските сили претходно ги извршиле врз Техеран.

Ноќта кога згаснаа соништата на Гана за мундијалско полуфинале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот