Фото: EPA/AMIRUDDIN MUGHAL

ВИДЕО | Пакистански воен хеликоптер се урна во Кашмир, нема преживеани

Нема ниту еден преживен од екипажот на пакистански воен хеликоптер кој се урна во Кашмир, во делот контролиран од Пакистан. Војската соопшти дека дека се работи за „несреќа“ и за „техничка грешка“, објави Еуроњуз.

„Хеликоптер Ми-17 на пакистанските воздухопловни сили се урна денес во близина на Музафарабад за време на полетувањето поради техничка грешка“, се вели во соопштението на медиумското крило на војската.

Во соопштението не е наведен точниот број на жртви.

Според локалните информации, несреќата се случила во близина на Музафарабад, регионалниот главен град, за време на протест и штрајк организиран од Заедничкиот акционен комитет Авами, неодамна забранет сојуз на неколку групи.

Војската не соопшти дали несреќата е поврзана со протестите.

Истрага за несреќата

Сведоци изјавиле дека хеликоптерот се урнал кратко по полетувањето од хелиодромот.

„Екипите за спасување и закрепнување веднаш пристигнаа на местото на настанот“, соопштиле од војската.

Исто така, посочиле дека е наредена истрага за да се утврди точната причина за несреќата.

Кашмир се смета за исклучително чувствителeн регион за пакистанската војска и влада поради долгогодишните чести вооружени судири и војни со Индија.

Се работи за регион со муслиманско мнозинство, кој во целост го присвојуваат и Индија и Пакистан, но е поделен меѓу двете земји уште од нивното стекнување независност од британската власт.

Пакистан го нападна Авганистан — загинаа најмалку 13 луѓе, меѓу кои 11 деца

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот