Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Дрво падна врз автомобил и усмрти возач во Холандија

Силното невреме што го погоди јужниот дел на Холандија заврши трагично. Во градот Бокстел загина возач, откако дрво се урнало врз неговиот автомобил, а во покраината Северен Брабант леден град предизвика голема материјална штета, особено во камповите, пренесе ОБ.

Според општинската комунална служба во Бокстел, несреќата се случила во вторникот попладне. Силните ветрови урнале скапано дрво врз возило што било во движење. Возачот починал на местото на несреќата.

По трагичниот случај, локалните власти најавија вонредни проверки на високите дрвја во областа. Целта е да се утврди дали има други дрвја што би можеле да претставуваат опасност при нови невремиња.

Голема штета е регистрирана и во кампот „Де Бонте Крај“ во Рамсдонк. Таму силен леден град ги оштетил покривите на бројни камперски приколки, додека речиси сите шатори биле урнати или оштетени.

Холандскиот метеоролошки институт (KNMI) денеска издаде жолто ниво на предупредување за југоисточниот дел од земјата. Се очекуваат обилни врнежи, грмежи и нови бури.

Властите ги повикаа граѓаните на претпазливост и им препорачаа да ги следат официјалните предупредувања, бидејќи нестабилното време може да создаде нови проблеми во веќе погодените региони.

Страшно невреме во Германија — торнадо, град и силен дожд

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот