Анџелина Џоли и Захара Марли Џоли-Пит - Фото: Image Press Agency / ddp USA / Profimedia

Нов удар за Бред Пит – и ќерката Захара поднесе официјално барање за менување на неговото презиме

Захара, посвоената ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, поднесе официјално барање за промена на презимето. Таа сака во иднина и законски да се презива Захара Марли Џоли. 21-годишната Захара го поднела барањето до Врховниот суд во Калифорнија, а документите покажуваат дека сака да го продолжи животот без презимето на татко ѝ во официјалните документи, пишува „Пејџ Сикс“.

Се наведува дека барањето е поднесено 28 април 2026 година, само неколку дена откако и нејзиниот брат Медокс поднесе слично барање.

Уште едно дете од славниот пар го брише „Пит“

Захара е едно од шесте деца на бившите сопружници, кои се разделија уште во 2016 година по повеќе од една деценија врска и две години брак. Нивниот бурен развод беше конечно финализиран во декември 2024 година.

Покрај Захара, поранешната двојка ги има и Медокс, Пакс, Шајло, како и близнаците Нокс и Вивиен. Интересно е што Шајло уште во 2024 година правно го промени презимето и сега се вика Шајло Џоли, а истото го направи и синот Медокс, додека пак останатите деца во поединечни јавни настани веќе подолго време го изоставуваат презимето Пит.

Според пишувањата на американските медиуми, официјалното судско сослушување по повод молбата на Захара треба да се одржи на 28 септември во Лос Анџелес.

Анџелина Џоли и Захара / Фото: Profimedia

Реакција од тимот на Бред Пит: „Тажно е ова што се случува“

Овој потег на Захара повторно ги подгреа приказните за целосно затегнатите односи во семејството, особено меѓу холивудскиот актер и неговите деца.

Извор близок до Бред Пит за магазинот „Пипл“ изјави дека на актерот му е исклучително тешко поради ваквите одлуки:

„Тажно е да се гледа како некој одново и одново јавно го демонстрира успешното отуѓување на децата од другиот родител“.

Захара и претходно го користеше само презимето на мајка си

Иако сега ја покрена официјалната правна процедура, Захара и претходно во јавноста наговестуваше дека сака да го користи само презимето Џоли.

На нејзиното неодамнешно дипломирање на колеџот Спелман, каде што заврши додипломски студии по психологија, во официјалната програма таа сè уште била запишана како Захара Марли Џоли-Пит. Сепак, во моментот кога излегла на сцената да ја прими дипломата, гласно било прочитано само името Захара Марли Џоли.

Нов удар за Бред Пит, и најстариот син Медокс официјално се откажа од неговото презиме

Адвокатот на Шајло Џоли проговори за промената на нејзиното презиме: Одлуката дојде по „болните настани“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот